Волци крволочно, напаѓаат крупен и ситен добиток на  Тројанско  поле, над селото Орман. Минатиот четврток во приквечерните часови волци му однеле 2 јунци на сточарот Пере Станоески и четири овци на друг сточар. Ова не  е прв пат волци да атакуваат на добитокот во овој предел вели Станоески. Преку месната заедница од село Орман, сега сточарите бараат помош од сите надлежни институции  за заштита на  добитокот.

Од охридското здружение на ловци велат дека во моментов не се во можност да му помогнат на сточарот Станоески бидејќи е време на ловостој.Упатуваат апел да не се употребува отров бидејќи ќе се загрозат останатите диви животни.

Пере Станоески  е сточар и  активно се занимава со одгледување стока веќе 5 години.Вели дека последниов настан г загрижува него и сточарите во изнаоѓање на соодветен начин за справување со волците.Државата ако не ни помогне ќе бидеме принудени да ги пуштиме кучињата вели Станоески.Тие се опасни по безбедноста на луѓето  или пак ќе мора да се откажам од сточартсвото од кое што живеам вели Станоески.  

Досега  државата со едно и пол годишната забрана за лов беше на страна на  волците. Секретарот на друштвото Љупчо Петрески вели дека на 16 јули  во службен весник е укината забраната за лов на волкот, но до нив нема пристигнато ништо официјално, од ловната федерација и ресорното министерството.

Охридските ловџии  имаат разбирање за потребата на сточарите и  желба да им помогнат. По 2 август со  обезбедување на посебна довола од министерството ветуваат дека ќе организираат хајка на волци.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: