Categories
Охрид

Во благо опаѓање невработеноста во Охрид

Инспекторите откриле голем број лица кои работеле нелегално. Тие се експресно избришани од листата на чекање.

Инспекторите откриле голем број лица кои работеле нелегално. Тие се експресно избришани од листата на чекање.Намален е бројот на лицата кои чекаат работа. За шест месеци годинава, откриени се над 200 лица кои биле нелегално вработени. Тие се експресно избришани од евиденцијата на Центарот за вработување. Трудовите инспектори засилено вршат акции за пронаоѓање и сузбивање на нелегалното вработување, вели директорот на центарот за вработување, Јован Баткоски.

„Бројот на невработените е намален за 670 лица или 6,3 %, а тоа се должи и на активните владини мерки“ -додава Баткоски .

Во охридскиот Центар за вработување, во Jуни се евидентирани 11.150 лица кои бараат работа. Само за споредба, во Jуни минатата година бројот на лицата кои чекале работен ангажман бил 12.150. За намалување на бројот на лицата кои чекаат работа беа донесени неколку активни владини мерки. Една од нив беше започнување на сопствен бизнис. Целта на мерката е развивање на семејниот бизнис и претприемачкиот дух кај невработените лица. По овој основ во Центарот за вработување се одобрени 52 барања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *