Categories
Охрид

Внимавајте од каде јадете во градов

Недозволената продажба на храна на подвижни тезги продолжува.

Инспекторите  од локалната самоуправа и неколкуте ресорни министерства никако да стават крај на оваа ојава поради поделените ингеренции. Од локалната самоуправа повикуваат на заедничка акција на инспекторите во затварањето на тезгите. Недозволената продажба на храна на подвижни тезги продолжува .

Инспекторите   од локалната самоуправа и неколкуте ресорни министерства никако да стават крај на оваа
појава поради поделените ингеренции. Од локалната самоуправа повикуваат на заедничка акција на
инспекторите во затварањето на тезгите.

На плоштадот и на кејот, во вечерните часови се продаваат прехранбени продукти  спротивно на  законот за безбедност на храна. Оваа пракса продолжува од минатата година. Од дирекцијата за храна  пред почетокот на туристичката сезона испратиле барања до градоначалникот, советот и општинскиот инспекторат да не издаваат дозволи за тезги за продажба на храна. Ова го потврдуваат и од локалната самоупорава. Од таму
додаваат дека не издаваат локаци за таква намена .За сепак  да се спречи незаконската појава повикуваат до  сите инспекциски служби од повеќе  ресорни министерства  во заедничка акција.

Портпаролот на локланата самоуправа Никола Манески, тврди  дека од нивното одделение за урбанизам нема издавање на вакви дозволи. Манески потенцира  дека  општинската комунална инспекција нема надлежност самостојно да инетервенира во спречување на  ваквите појави. Инаку во законот за безбедност на храна е прецизирано  дека на подвижна тезга е доволено единствено да  се продава  зеленчук и овошје, но не крофни, пици и останати печива.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *