Од Здружението на такси превозници објаснуваат дека ова е последица на неприфаќањето на советот да се изврши покачување на цените. Од инспекторатот, како и секоја годиниа, се правдаат дека постојано се на терен за спречување на ваквата појава.

За такси услуга, за која во текот на годината ќе платевте 40 денари, сега може да ви се случи охридските таксисти да ви побараат 200 денари. Згора на ова, доколку имате потреба со такси да одите на пократка релација, воопшто нема да ја добиете. Охриѓани, а и гостите кои во моментов престојуваат во градов, се жалат и дека од својот дом воопшто не може да повикаат такси возило, затоа што линиите на компаниите се постојано зафатени.

Граѓаните коментираат дека ваквата појава ќе предизвика негативни последици врз имиџот на градот како туристички центар. 

Од здружението на такси превозници, објаснуваат дека моменталниот хаос е само последица на неодамнешното одбивање на советниците, да го прифатат барањето за покачување на цените на такси услугите.  Имено, пред почетокот на летната сезона, советот не најде оправдување во барањето на такси- превозниците за покачување на стартот од досегашните 30 на 50 денари, ниту пак бараната корекција на цената за изминат километар, која сега изнесува 15 денари.

Сепак, од здружението се правдаат, хаосот го прават поединци, особено таканаречените диви таксисти. Претстедателот на здружението, Сашо Поп Донески, објаснува дека дел од такси превозниците го користат моменталниот хаос во градот, а земените пари не ги пријавуваат и си ги земаат за себе. Според Донески, ваквите таксисти ги има во сите такси- компании, а дополнителен проблем се, таканаречените, диви таксисти.  

Хаосот со такси сообраќајот во Охрид, во екот на туристичката сезона, се повторува веќе неколку години. Од инспекторатот се бранат со истиот став како и лани – постојано сме на терен и превземаме соодветни санкции.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: