Виолината – љубов и немир

Настап на Охридско лето, животен сон на охриѓанецот Ристо Довлев. „Виолината ја засакав поради мојот дедо и не погрешив што се посветив на овој инструмент, вели Довлев за ТВМ.

 |  Билјана Николовска  | 
Risto Dovlev
Ристо Довлев

Risto DovlevЗа талентите секогаш има простор, време и место за докажување, посебно кога станува збор за музиката. Охриѓанецот Ристо Довлев за нецела недела успеа да се подготви за два концерти, во Скопје и во Охрид. Премиерно, Довлев настапи во Скопје и како што самиот кажува, концертот ги исполнил неговите очекувања. Но додава, дека дома си е дома, и на домашен терен очекува поголем успех.
Животен сон и желба на Довлев е да настапи на најголемата и најпопуларна светска манифестација Охридско лето.
Пред предизвиците на музички план на Довлев, стои Проф. Тони Терзиев. Тој вели дека во Македонија има многу таленти, но виолинистот Довлев посебно се истакнува. Терзиев гледа светла иднина и успех на неговиот ученик и му порача понатамошно надоградување во полето на музиката.
Вечерва, во Католичката црква, Довлев, специјално за охриѓани, ќе се претстави со Рецитал на Тосели, Крајслер, Антонин Дворжак, Брамс и дела од други познати композитори, во пијано придружба на истакнатиот професор Дарко Мариновски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top