Categories
Охрид

Викенд за паметење

Во Охрид овој викенд имаше 50 000 гости. Општинарите задоволни како функционираше градот.

Овој викенд во Охрид имаше околу 50 000 гости. Ова е оценка на градоначалникот Александар Петрески кој вели дека општината уште еднаш докажа дека може да се снајде и со толкав број туристи. Петрески  посебно е задоволен што во изминатите денови во Охрид и покрај големиот број гости немаше инциденти. Водоснабдувањето се одвиваше без прекин иако имаше неколку дефекти на водоводната мрежа, а градов не остана без потребните прехрамбени производи. Првиот човек на Охрид кажува дека сите јавни претпријатиа работеле со полна пареа, особено Комуналец, иако во одредени делови на градот и покрај зголемениот ангажман хигиената не била на завидно ниво.

И покрај задоволството од изминатиов викенд, Петрески генерално не е задоволен од оваа сезона. Тој вели дека бројот на гости е многу помал од лани, а како причини  ги наведува високите цени во хотелското и приватното сместување и неорганизираниот авионски превоз.

Градоначалникот потенцира: „Ако сакаме да развиваме туризам мора да поработиме на овие два сегменти, а во скоро време мора сериозно да  размислиме и за изградба на уште неколку хотелски капацитети“.

Според него постоечките, за година или две  ќе бидат претесни да ги примат сите гости кои ќе сакаат својот одмор да го помнат во Охрид.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *