Categories
Охрид

Во Охрид патролира велосипедска полиција

Велосипедската полициска патрола ќе дејствува во централното градско подрачје, па се до селото Пештани.

Велосипедската полициска патрола ќе дејствува во централното градско подрачје, па се до селото Пештани. Нејзината мобилност ќе придонесе кон навремено интервенирање онаму каде што тоа е потребно, а со тоа и подигање на општата безбедност во градот. Стефан Димоски, потпарол на СВР- Охрид, На овој начин полицијата ќе има можност превентивно да им пристапува на проблемите, ќе се подигне нивото на вкупната безбедност во летниот период кога бројот на гостите е двојно поголем.

Шестчлената полициска велосипедска патрола е составена од припадници на посебната единица „Алфи“. Ќе функционира во централното градско подрачје и на крајбрежјето, се до селото Пештани.
„ Овој проект е замислен за да обезбеди поблизок контакт со граѓаните. Со возило не е исто, вака мобилноста е многу поголема“, вели Никола Бочкаров, член на велосипедската патрола.
Од СВР- Охрид најавуваат дека велосипедската патрола на некој начин ќе биде и туристичка атракција.

Дополнителната обука на полицајците кои ја сочинуваат велосипедската патрола траела пет дена, а искуствата им биле пренесени од страна на колегите од мобилната единица од Скопје која функционира од 2004 година.
Проектот за формирање охридска велосипедска полиција се реализира во соработка со ОБСЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *