Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ – хуманиатарки

Унијата на жени од ВМРО ДПМНЕ, повторно во хуманитарна акција. По посетата на геријатриското одделение пред неколку денови, денеска тие во просториите на Црвениот крст донираа облека.   

 |  Татјана Маленкова  | 

unija na zeni VMRO_DPMNEУнијата на жени од ВМРО ДПМНЕ во посета на Црвениот крст. По повод неделата на црвениот крст, тие денеска во оваа хуманитарна организација донираа облека, со недеж дека истата ќе биде испратена онаму каде што е најпотребна. „Сакаме да упатиме апел и до другите организации или хумани луѓе и тие да се приклучат на нашиве акции, за заедно да им помогнеме на оние на кои им е најпотребно“, вели Љубица Смилевска Мојсоска, член на Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ.

„ Облеката е од членството, ова го правиме за да му помогнеме на народот. Започнуваме поактивно да работиме, а годинава посебно затоа што правиме 20 години од формирањето на нашата партија“, вели Љубица Смилевска Мојсоска – член на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Мојсовска додава дека еден сегмент од работата на унијата на жени ќе биде заложбата да им помага на социјално загрозените семејства во Охрид. Таа додава дека  прогармата во целост ќе биде изготвена по изборот на новиот претседател на унијата кој е во тек.
Од Црвениот крст задоволни од денешната донација. Анета Јованосвска активист на оваа организација вели дека денешната акција е надополнување на бројните активности  кои црвениот крст ги спроведе по повод неделата на Црвениот Крст и роденденот на Анри Динан.

„ Секоја соработка без разлика на вера и партија е добредојдена. Ние сме непартиска организација, но соработката со секоја партија е добредојдена“, вели Анета Јовановска, активист на Црвен крст.

Јовановска додава потенцира дека секоја донација која влегува во Црвениот крст, завршува на вистинското место, поточно кај ранливата категорија граѓани во нашиов град. Таа додава дека во моментов има поголема потреба од храна, по што упати апел до сите кои можат да помогнат да донираат онолку колку што можат.   
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top