Categories
Охрид

Туристите сами си создаваат проблеми

Македонците малку знаат за своите права при  туристичките  патувања. Добар дел не склучуваат договори со туристичките агенции.

Македонците малку знаат за своите права при  туристичките  патувања. Добар дел не склучуваат договори со туристичките агенции.

 

Туристичките агенции се жалат, македонските туристи резервациите за патувањата ги прават  во последен момент, за разлика од навиките на граѓаните во западно европските  земји.  Не можеме да бидеме професионални ако патниците не резервираат темини поарно, во  април или  мај. Тогаш може да добијат и подобри услови во хотелите , а не  два дена пред да појдат на летување бараат хотел и виза.

„Принудени сме да го закупуваме она што преостанало  за нашите туристи па потоа тие се незадоволни.  Безброј се примерите и се почести  појавите кога туристите  како да сакаат да си создаваат проблеми при патувањето“ -вели претседателот на Македонската  асоцијација на туристички агенции, Миле Спироски.

Спироски додава дека за да се избегнат нервозите од  двете страни  потребно е  да се склучуваат договри. Но, на Спироски  не му  е познат фактот дали сите агенции  со патниците склучуваат ваков  договор.

Од  Организацијата на потрошувачи потсетуваат дека туристите имаат третман и право на потрошувачи. Додаваат дека македонските граѓани многу малку  знаат за своите права. Катерина Спироска од ОПМ Охрид потсетува на  златното  правило да се склучуваат договори во писмена форма пред тргнување на пат. До советодавното биро за заштита на потрошувачкото право велат дека до нив  се почесто пристигнуваат поплаки од незадоволни туристи кои бараат помош. Лани во септември биле упатени  5 поплаки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *