Categories
Охрид

Трио „Брамс“ на Охридско лето

Вечерва во катедралната црква св. Софија ќе провејат звуците на Глинка, Аренски, Чајковски во изведба на руското Трио „Брамс.

Трио „Брамс“ вечерва на Охридско лето. Овoј руски состав минатата година го прослави својот 20ти роденден . Aнсамблот покрај во Русија активно концертрира на подиумите во Виена, Варшава, Рим, Мелбурн. На многу меѓународни натпревари има освоено голем број награди изведувајќи пред се дела од руски автори. Триото „Брамс“ за прв пат настапува на Охридско лето.

Членовите на триото имаат формирано „Брамс трио фондација“ со цел организирање добротворни програми од областа на културата. Во рамките на проектот „Музичките ансамбли од северот“  овој состав организира бројни концерти, мастер класи и предавања во повеќе од 50 места и градови во оддалеченита краеви на Русија. За спроведувањето на оваа значајна културна мисија често добиваат домашни и странски грантови.

 Најчесто членовите на триото изведуваат дела на руски композитори кои твореле во 19тиот и 20тиот век. Вечерва во катедралната црква св. Софија ќе провејат звуците на Глинка, Аренски, Чајковски. Кирол Родин, виолончелистот на Триото „Брамс“ вели дека тој и неговите колеги се воодушевуваат од акустиката на просторот каде ќе настапат и додава дека досега не настапувале на подобро место. Тие се  импресионирани од Охрид па посакаа и до година повторно да дојдат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *