Categories
Охрид

Три пожари во Охрид

Територијалната противпожарна единица во Охрид денес имаше дури три интервенции. Пожарите завршија со помала материјална штета.

Територијалната противпожарна единица во Охрид денес имаше дури три интервенции. Пожарите завршија со помала материјална штета.

Сирената на противпожарното возило денеска, во неколку наврати ги вознемири охриѓани. Вработените во Територијалната противпожарна единица во охрид имаа дури три интервенции и тоа во растојание од неколку часа. Во 11 часот и 45 минути пријавен е првиот пожар во атарот на градските гробишта кај Селото Велгошти. Запалени се капини, суви овошки и нискостеблести растенија. За еден час  пожарот успешно е изгаснат. Во 11 часот и 50 минути пријавен е уште еден попжар во Селото Мешеишта. Запалена е сува трева  и стрниште после што огнот се проширил и ги зафатил околните куќи. Со помош на локалното население огнената стихија е ставена под контрола. Во 13 часот пријавен е и третиот пожар од страна на шумарот во атарот на Општина Дебрца .

Пожарот е локализиран во близина на езерото кај село Требеништа. Командирот на  ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски вели дека материјалната штета од пожарите допрва ќе се утврдува, но според првичните сознанија таа е речиси незначителна.

Прентоски потенцира дека зголемената појава на пожари била очекувана поради завршувањето на жетварските работи, а и поради високите температури и појавата на ветер, па затоа апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни при ракувањето со оган.
Инаку пожар избувна и во неделата навечер и тоа на тромеѓето помеѓу селата Мислешево, Требеништа и Волино. Изгореа околу 10 хектари стрништа и балирано сено. Во гасењето на пожарот интервенирала противпожарната единица од Охрид која заедно со месното население околу полноќ ја скротила огнената стихија. Командирот на ТППЕ Охрид, Спасе Прентоски,  се сомнева дека пожарот бил подметнат. Истрагата е во тек.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *