„Танец“ ќе го отвори 53 -тото издание на Балкански фестивал

„Танец“ ќе го отвори 53 -тото издание на Балкански фестивал.

 |  Валентина Неловска  | 
Balkanski
Balkanski

Националниот ансамбл „Танец“ ќе го отвори годинешното 53-то издание на Балканскиот фестивал. Заедно со  „Танец“ на отварањето ќе настапи и фолклорниот ансамбл „Гоце Делчев“ од Бугарија. Директорот на  националниот ансамбл за народни песни и игри Зоран Џорлев открива дека членовите на „Танец“ подготвуваат квалитетна програма која ќе биде премиерно изведена на сцената на Долни Сарај.
Balkanski
„ На отварњето на Балканскиот фестивал ќе одиме  за прв пат со нова изведба. За прв пат ќе ја изведеме новата игра „Кумановка“  која  е атрактивна, доста е интересна. Ние бегаме од стилизација, нема акробации, но тоа се игри кои се со обработен фолклор,  близок до младата генерација“, вели  Џорлев.

Балканскиот фестивал за народни игри и песни станува  единствена манифестација на овие простори која финансиски е поддржана од државата.  За одржувањето на фестивалот  од 6 до 11 јули државата одвои 800.000 денари, а има поддршка и од Локалната самоуправа, како и од пријатели на фестивалот, напоменува директорката на Центарот за култура, Драгана  Боцевска. На фестивалот ќе земат учество 300 фолклористи од 10 тина Балкански земји, а за прв пат после долго време ќе гостува и фолклорен анасамбл од соседна Грција.
Dzorlev
„ Интенција на фестивалот е поголемо приближување на  народите. Публиката еднакво реагира на музиката која доаѓа од Грција, Турција, Србија. Колку и да има некакви политички  проблеми  меѓу земјите тие пробелеми не се чувствуваат. Игарорците стануваат пријатели,  се раѓаат меѓусебни соработки “, потенцира  Боцевска.

За годинешното издание на Балканскиот фестивал биле пријавени 50-тина фолклорни ансамбли, покрај земјите од Балканот, и три ансамбли од Мелбурн, Австралија. На годинешното издание за прв пат игарорците ќе игараат на сцена која ќе биде покриена и заштитена  од непредвидливи временски влијанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top