Categories
Охрид

Стапи на сила владината одлука за субвенционирање на земјоделците со гориво

Своите барања, земјоделците може да ги поднесуваат до Подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Своите барања, земјоделците може да ги поднесуваат до Подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Финансиската подршка ќе се исплаќа врз основ на пријавената обработена површина. Земјоделците може да ги поднесуваат своите барања за користење на средства наменети за компензација. Станува збор за субвенционирање на трошоците за набавка на дизел гориво при обработка на почвата. Барањата ќе може да се поднесуваат во подрачните единици на
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заклучно 31 август.
Финансиската подршка на земјоделските производители ќе им се исплаќа врз основ на пријавената обработена површина во барањето за упис во единствениот регистер на земјоделски стопанства.

Висината на подршката се пресметува врз основа на големината на земјоделските површини и тоа: за површина од 10 хектари ќе се исплаќаат 2. 000 денари по хектар.
Исплатата ќе се врши преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *