Спасовски: На РМ и на МВР не им е потребен сензационализам

   Спасовски: На РМ и  на МВР не им е потребен сензационализам

 |  Валентина Неловска  | 
spasov

Оливер Спасовски  министерот  за внатрешни работи ја посети полициската станица во Струга. Посетата беше со цел да се запознае со проблемите на терен за да се подобрат состојбите. Спасовски кажа дека безбеднсоата состојба во земјава и во Струга е стабилна. Во општина Струга има  намалување на нивото на криминалитет.

спасов„ Оценката според брифингот од вработените од срдбата е дека има намалено ниво на криминалитети зголемување на ефиксаноат од јануари овв година.  Тој тренд ќе се негува во соработка со граѓаните и полицијата“, напомна Спасовски.  

Министерот Спасовски   даде одговор и на новинарски прашања. Кажа дека МВР ќе дава целосна поддршка во истрагите на  Специјалното јавно обвинителство. За тоа дали во МВР има  нов тренд на приведување без спектакуларни апсење, министерот Спасовски порача.

„ Апослутно сметам дека на РМ и на МВР не им е потребен сензационализам. Сензаионалноста прави добар PR   но прашање е колку има ефект, најдобро е да имаме правилнии темелни истрaги да ги расчистиме ситуациите и да спроведува Законот во рамките на инситуциите“, рече Спасовски.

Во однос пак, на прашањето дали има доволен  број на  полициски службеници во Струга Спасовски кажа дека е потребен поголем број на полицајци и подбри материјални техички средства за да имаат подобра работа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top