Categories
Охрид

Советниците дадоа амин за ЈП „Билјанини Извори“

Јавното претпријатие за  изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори, „Билјанини Извори“  доби  зелено светло за  работа.

Јавното претпријатие за  изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори, „Билјанини Извори“  доби  зелено светло за  работа. На денешната седница на советот на општина Охрид  беше  одобрен статутот по кој ќе работи ова претпријатие како и неговата внатрешна организација и висината на цените за користење на спортските објекти.  Советниците ги изгласаа без некои поголеми забелешки.
 
Иван Цветкоски, вршителот на должност  на „Билјанини Извори“ вели дека најголемиот дел од приходите во новото јавно претпријатие очекуваат да ги остваруваат од стопанисувањето со паркинизите. Засега се прават подготовки за преземање на паркинг просторот кај некогашната стара Нама. За таа цел набавен е и нов фискален апарат. Во догледно време ќе биде преземен и паркингот кај градскиот пазар со кој моментално стопанисува ЈП Комуналец.
 
Цветкоски вели дека заедно со  неговиот тим има намера стопанисувањето со паркинг просторите да го издигне на едно повисоко ниво. Со тоа би се решил  најголемиот проблем на градов особено во летниот период кога бројот на возила поради туристите, многукратно е зголемен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *