Утревечер, на импровизирана сцена во хотел Парк, премиерно, љубителите на театарот, ќе имаат можност, да проследат еден поразличен приказ на безвременската љубовна приказна, Сон на летната ноќ.

Ликовите, сценографијата и музиката- се она по што утрешната премиера се издвојува од досегашните престави , на една  од најизведуваните  шекспирови комедии, Сон на летната ноќ- потенцира режисерот Коле Ангеловски. Станува збор за еден волшебен текст за љубовта и магијата- основните мотиви кои го поттикнале режисерот да ја направи оваа претстава. „ Јас овој пат се обидов да пренесам една љубовна приказна која недостига во нашиве театри. Како да се бега од љубов, луѓево како да не сакаат, да зборуваат за неа, да прават убави нешта. Тргнав од тоа и најважни се љубовниците. Што не значи се занемарени мајсторите и тој- светот на вилите.“
Скоро во сите претстави кои што сум ги гледал мајсторите биле добри и тоа е некако вообичаена практика- вели Ангеловски и додава: ретко кога сум видел добри љубовници, но кога биле добри, претставата била одлична. Во претставата играат плеада актери од драмски театар. „ Воопшто не правевме комедија, не се трудевме, ги анализиравме ликовите и од тие пишани ликови се обидовме да направиме скица за живи ликови. И тоа стана интересно и бајковито“, вели актерот Зоран Љутков. Сон на летната ноќ, ќе се изведува утревечер, со почеток во 21 часот, на сцената на хотел Парк.  
Инаку, денешниот, трет ден од фестивалот Охридско лето е резервиран за настапот на сопранистката од САД Кери Рустои во пијано придружба на Муцуми Мотеки од Јапонија во катедралната црква „Св.Софија“ со почеток од 21 часот. Како гостин на вечерта е најавена младата македонска сопранистка Елена Голомеова. На програмата се дела на Рихард Штраус, Јохан Штраус, Фон Вебер, Бергер, Моцарт, Хандли, Квилтер, Меноти и Лојд Вебер.
Малата сцена на Центарот за култура „Глигор Прличев“ е резервирана за монодрамата „Облачна исповед“ на авторот Томислав Османли во режија Деан Дамјановски

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: