Мултимедијален проект во рамките на фестивалот Охридско лето.
Авторот на скулптурите, Сергеј Цингулоски ќе ги презентира пред јавноста како дел од мултимедијален проект. Уметничките дела се преставени во загодоча и поинаква естетика. Уметникот, им вдахнува индивидуална поетика и вон временска димензија на скулптурите.
Музиката на проектот е компонирана од Кокан Димушeски, а артот е на Сергеј Цингулоски, во режија на Венцислав Стојаноски. Инаку ова е трета изложба на Сергеј Цингулоски во неговиот роден град, а неодмана изложувал во познатата Спинакер галерија, во Херцег Нови.
Изложбата ќе биде отворена на 13 август и ќе трае до завршувањето на фестивалот Охридско лето, 20 –ти август.Изложбата на Цингулоски нема продажен карактер, а станува збор за автентични дела изработени од дрво, во специфична техника.