Categories
Охрид

Скандалот кој се поврзува со Охридско лето е чиста шпекулација

„Претставата „Алкмеон од Коринт“ дали ќе се изведува или не на Охридско лето, зависи од расплетот помеѓу раководството на театарот и продуцентот од Англија, во кој не сакаме да се мешаме“ вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски.

„Претставата „Алкмеон од Коринт“ дали ќе се изведува или не на Охридксо лето, зависи од расплетот помеѓу раководството на театарот и продуцентот од Англија, во кој не сакаме да се мешаме“ вели првиот човек на фестивалот Тони Симоноски. За случувањата во Битолскиот театар и скандалот кој се поврзува со охридската културна манифестација вели дека се чиста шпекулција. За проблемот тие дознале од медиумите, појаснува Симоноски.

Директорот Симоноски е категоричен,фестивалот ги има подмирено сите обврски кон Народниот театар од Битола.

Дали најавуваната, спектакуларна премиера на претстава „Алкмеон од Коринт “ ќе се игра на антички театар, останува неизвесно. На прашањето кое го упативме до уметничкиот директор на овој театар, Сашо Огненоски изостана одговор. Иако во два наврати вети дека ќе не извести за расплетот од состанокот, до затварањето на Дневникот на ТВМ тоа не го испочитува. Претставата „Алкмеон од Коринт“, на фестивалската програма за изведување е предвидена за 19 август. Планирано е на антички театар, со неа да биде затворен овогодинешниот театарски дел на фестивалот „Охридско лето “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *