Categories
Охрид

Бесплатни, систематските прегледи за децата и учениците

Кај децата,  се почесто со ситематските прегледи се откриваат срцеви и бубрежни аномалии. Од друга страна, пак искоренет е рахитисот, затоа што навреме се превенира. Систематските прегледи се беспалтни и на државен трошок.

Рано откривање на аномалии, недостатоци и превенции кај деца и младинци е дејноста на  Работната единица, за превентива кај деца и младинци  при Здравствениот дом, Охрид.  Д-р Катерина  Димитровска, началник на оваа  единица  вели дека за  систематските прегледи и за вакцинациите  нема партиципација. Трошокот е на државата, а  родителите немаат обврска за паричен надоместок.

Во советувалиштето се работи сo деца и младинци и се спроведуваат програми за нивна здравствена заштита.
Покрај имунизацијата,се вршат и систематските прегледи. Досега нема откриени заболувања специфични за регионот додава Д-р Димитровска.

Во оваа работната единица се ангажирани двајца педијатри и шест специјалисти по училишна медицина. Лекарите специјалисти ги спроведуваат програмите за здравствена заштита и прават редовна имунизација.Така во општина Охрид има 98 % покриеност со редовните вакцинации.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *