Categories
Охрид

По европски терк- охриѓани селектираат пластичен отпад

Кај охриѓани се буди еколошката свест. Започнаа да го селектираат пластичниот отпад.

 

Охриѓани ги следат европските трендови- пластичниот отпад започнаа да го селектираат и фрлаат во посебни корпи.

Ги мотивира реализацијата на проектот Недела на рециклирање која е во тек. Организаторите се повеќе од задоволни- кај граѓаните се буди еколошката свест. Хавза Реџеп- Какељ, Координатор на проектот за Охрид, потенцира дека е задоволна од интересот на охриѓани. Земаат едукативен материјал, а многу од нив започнаа пластичната амбалажа да ја селектираат и фрлаат во посебни корпи, вели Какељ.
Организаторите се надеваат дека ова не е само моментален тренд и дека селектирањето на пластичниот отпад, на охриѓани ќе му премине во трајна навика.

Проектот за селектирање и рециклирање на пластиката е подржан од УСАИД, а во неговата реализација се вклучени и ЈП Комуналец и локалната самоуправа. Комуналец е подготвен да го подига, собира, делумно обработува и складира ПЕТ отпадот. За оваа цел, обезбеден е и привремен склад и преса со која се обработува пластичната амбалажа. Со специјално возило Комуналец редовно ќе го подига отпадот.Реалните резултати од овој проект се очекуваат по две до три години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *