Categories
Охрид

Денес на Охридско лето е премиерата „Ромео и Јулија“ од Вилијам Шекспир

На Охридско лето, вечерва, е драмата „Ромео и Јулија“, во изведба на Турскиот театар од Скопје.

На Охридско лето, вечерва, е драмата „Ромео и Јулија“, во изведба на Турскиот театар од Скопје.

Станува збор за претстава- своевидна химна за апсолутната љубов- потенцира режисерот, Дејан Пројкоски. Дејан Пројкоски, режисерот на драмата Ромео и Јулија, потенцира дека основната идеја била да се направи претстава-   своевидна химна, ода за апсолутната љубов. Пројкоски смета дека успеале да направат една театарска претстава, во која седуммината актери се раѓаат и умираат, што претставата ја прави моќна и силна. 

За актерката која го глуми ликот на Јулија, Зубејде Селимовска, да се биде дел од оваа претстава претставува вистинска чест. Предизвикот е голем- оваа улога се добива еднаш во животот , додава Селимовска.
Поради лошите временски услови, наместо во предворјето на црквата Св. Софија, љубителите на драмската уметност, имаат можност да ја проследат претставата Ромео и Јулија, во Центарот за култура, со почеток во 21 часот.
Обезбеден ќе биде и превод на македонски јазик.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *