Categories
Охрид

Раководствата на охридските средни училишта задоволни од матурата

За дел од нив покажаното знаење е очекувано, а некои сметаат дека резулатите можеле да бидат и подобри.

Само четворица  матуранти од охридските средни училишта не го положиле испитот по англиски јазик, а мал е бројот на учениците кои паднале на  задолжителниот предмет македонски јазик и изборниот математика. Во ДТУ Ванчо Питошески, од 40 пријавени матуранти за полагање на македонски јазик, 12- мина не го положиле испитот. Четворица паднале на тестот по англиски  јазик. Петтмина паднале на математика основно ниво, а еден по истиот предмет, но по напредно ниво. Директорот на угостителското училиште  Секула Баткоски е задоволен од резулатите на прелиминарната матура и додова дека приговори во текот на денот немало. Баткоски вели дека резулатаите се очекувани според успехот кој учениците го покажале во текот на школувањето.

Во гимназијата Св Климент Охридски, со економски паралелки предметот македонски јазик не го положиле 3 ученици, додека пак сите  го положиле тестот по  англиски јазик.Тројца ученици  не положиле математика на основно ниво.Директорот на гиманзијата , професор Љубиша Машановиќ кажа дека во текот на денов, се поднесени  6 приговори од  незадоволни ученици. Директорот Машановиќ додава дека резулатите с едобри ,но секогаш постои можност да бидат и подобри.

Приговори во ЕМУЦ  Св. Наум Охридски нема вели директорот Бошко Силјаноски.Силјаноски вели дека се задоволни од објавените резултатите од државната матура.Во овој средношколски центар македонски јазик полагале 73 ученици, а од нив 11 паднале.Потфрлиле и учениците по предметот математика.Од пријавените 45 повторно ќе полагаат 21 ученик.Предметот англиски јазик го положиле сите 21 пријавени ученици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *