Categories
Охрид

Регионалниот пат Охрид- Св Наум не ги задоволува инфраструктурните капацитети на градот

Регионалниот пат Охрид- Св Наум не ги задоволува инфраструктурните капацитети на градот. Недозволиво е туристички центар како што е Охрид, да има инфраструктирни проблеми.

Регионалниот пат Охрид- Св Наум не ги задоволува инфраструктурните капацитети на градот посебно во летната турисичка сезона. Во услови кога има секојдневна фреквенција од 20.000 возила, оваа делница, изградена пред 50 години, повеќе не е функционална.

Пред 15 години државата започна со реализација на проект за изградба на  обиколен пат кој требаше да поминува над  туристичките локалитети.  Тогашните заложби пропаднаа, а од иницијативата останаа само бетонските ѕидови од надвозникот и 5 км пат кој не профункционира.

Бранко Речкоски, виш инспектор за безбедност во патниот сообраќај вели дека постоечкиот регионален пат Охрид – Свети Наум кој во 2001 година беше реконструиран, само делумно ги реши проблемите. Само во текот изминатиот викенд на овој патен правец се случија 14 сообраќајни незгоди, а недамна патот однесе и еден млад живот.

Од локалната самоуправа на општина Охрид спремни се да дадат свој придонес за изградба на нов пат бидејќи од тоа зависи економскиот развој на градот. Оваа делница ќе ја поврзува нашата земја со соседна Албанија а  ќе овозможи и транзитен сообраќен проток со излез на Јадранско и Јонско море.  

Портпаролот на министерството за транспорт и врски Драган Симоноски  вели дека 50 % од сретставата на светска банка ќе бидат наменети за регионалните патишта во држава.Европската агенција за реконструкција ќе прави студија и ќе ги утврдува приоритетите во финансирање на изградба и рекоснтрукција на регионалните патни правци.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *