Categories
Охрид

Расказот “ Будење “ е добитник на наградата на годинешниот конкурс “ Живко Чинго“

Три члената, жири комисија ги разгледа пристигнатите 52 раскази на овогодишниот конкурс Живко Чинго. Три члената, жири комисија ги разгледа пристигнатите 52 раскази на овогодишниот конкурс Живко Чинго. Претседателот на жирито, Славе Ѓорго Димоски,  истакна дека во расказот Будење се открива зрел,  интроспективен пристап кон молитвата и себепронаоѓањето, како  и славењето  Бога.  

Жири комисијата, составена од емининентни имиња од македонската литература и книжевност, Славе Ѓорго Димоски, Венко Андоноски и Кристина Николоска, потенцираа дека имаа тешка задача да го изберат најдобриот расказ. Венко Андоноски изјави дека жири комисијата е изненадена од квалитетот на пристигнатите раскази. Со ова тенденција ќе се подигне нивото на Манифестацијата како во старите, златни времиња додаде Андоноски.

Комисијата даде  препорака до локалната самоуправа да ги откупи и двата раскази, “ Земја “ и “ На другарка ми Лиле Богомилова“ без шифра. Конкурсот беше распишан од локалната самоуправа, а паричната награда за најдобриот расказ е во висина од 30.000 денари. Наградата ќе биде  врачена  на Манифестацијата, “ Вечери на Живко Чинго“,  кој  по 21 пат ќе се одржат на 13 август, во Велгошти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *