Први Mај со скара или со протест

Први Mај, меѓународен празник на трудот се одбележува со скара или со протест. Дел од граѓаните заминаа на пикник, но дел во Скопје на протести против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот. По неколкугодишна пауза марш за солидарност одржа и Сојузот на синдикатите на Македонија.

 |  Јаковлева Лионела  | 
1 maj
1мај

 

Денес е први Мај, меѓународен празник на трудот. За сите оние кои го заборавиле неговото значење да потсетиме дека овој ден е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Но, први Mај е и денот кога традиционално се оди на пикник и на скара. Граѓаните со свое мислење дали на ваков начин треба да се одбележи овој ден или пак треба да се излезе на протест.

Охриѓани велат дека од година во година спласнува еуфоријата меѓу народот за одбележување на pрви Mај. Луѓето се помалку сакаат да зборуваат за неговото значење. Годинава во најголем дел изостана вообичаената првомајска скара, музика, веселба. Една од причините за тоа е беспарицата, а друга пак што за многумина овој празник е работен ден, кажуваат граѓаните.  1 maj

Во Скопје пак беа одржани протести против постојаното кршење на работничките права и задушувањето на синдикализмот. Протестот беше во организација на левичарските движења „Солидарност“ и „Ленка“, Синдикатот на новинарите и медиумските работници, Синдикатот на дипломатската служба, на вработените во културата, како и Синдикатот на УПОЗ и МЕССО, кои се гранкови синдикати на ССМ и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија. По неколкугодишна пауза марш за солидарност одржа и Сојузот на синдикатите на Македонија.

Драган Цветкоски, претседателот на регионалниот синдикат со седиште во Охрид кој денес беше дел од овој марш кажа дека синдикалниот лидер Живко Митревски побара потпишување колективни договори, обезбедување сигурни работни места, како и траен работен однос и работен однос на неопределено време и сигурни плати за сите работници со кои ќе им обезбедат пристоен живот. Цветкоски изјави дека во Охридскиот регион во изминатава годинаво повеќе наврати имало нарушување на работничките права.1 maj

Општинската синдикална организација има пружено доста правна заштита по разни основи, а неисплатени плати, придонеси, прераспоредување од едно на друго работно место, откази. Околу 90% од случаите се решени во коприст на работниците, вели Цветкоски.

Граѓаните велат дека мора многу сериозно да се работи на остварување на правата на работниците, посебно сега кога царува приватниот сектор и кога голем дел од нив се нарушени. Тие додаваат дека без задоволна работничка класа не може да се гради успешна држава.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top