Categories
Охрид

Започна првиот хорски фестивал во Охрид

Учествуваат над 2. 000 хористи од 18 земји од Европа, Азија и Африка. Организатор е охридскиот аматерски хор при гимназијата Свети Климент Охридски.

Со истовремен настап на хоровите на неколку локации во Охрид, вчеравчер, започна првиот хорски фестивал.  Учествуваат 60 аматерски хорови од голем број земји од светот.

Организатор на фестивалот е хорот при охридската Гимназија, победник на минатогодишниот фестивал во Холандија. Охридскиот хор притоа се стекна со правото да биде домаќин на оваа уникатна и атрактивна музичка манифестација.

Предвидено е секој хор да има настап од 20 минути, кој ќе го следи жири комисија. Најдобрите шест хорови на последниот ден од фестивалот, 25 август, ќе настапат во Центарот за култура.
Во охрид за овој настан  пристигнаа околу 2000 учесници од 18 земји од Европа, Азија и Африка.

Организирањето на Хорскиот фестивал го подржаа и помогнаа: Министерствата за финансии и култура, Православната и Католичката црква, како и Основното музичкото училиште Методиј  Патчев.
Главен покровител на фестивалот е охридската Локална самоуправа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *