На свечен начин, на антички театар на денот на патронот на градот и средното училиште, Св.Климент Охридски,  беа промовирани  матурантите од генерацијата 2007/2008.

Директорот на средното училиште Љубиша Машановиќ,  при тоа потсети на светата порака од Св.Климент Охридски Чудотворец, “Да се шири науката, да се просветлат народните маси и да се оствари замислата за подобра иднина на следните генерации.“
 Благодарност за стекнатото знаење до професорите од името на матурантите, но и порака до своите соученици, упати  матурантката Златка Трајческа.

Античкиот театар беше исполнет  до последното место од родители, гости и ученици кои присуствуваа на свечената прослава. Меѓу присутните беше и охридскиот градоначалник Александар Петрески кој имаше свое обраќање. 385 -те матуранти го одбележаа завршетокот на четиригодишното школување во училишната униформа, со фрлање во висина на капите.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: