Categories
Охрид

Пролонгиран изборот за нов директор на охридската гимназија

Поништен огласот за избор на нов директор на средното општинско училште „ Св.Климент Охридски “.

Неофицијално дознаваме дека на конкурсот се пријавиле актуелниот директор Машановиќ и неговите колеги, професорите Звонко Трпески и Никола Тренески. Тројцата кандидати за директор на охридската гимназија ќе треба повторно да конкурираат. Огласот објавен пред еден месец е поништен.

Од Државниот инспекторат за образование велат „ го задолжиле училишниот одбор на средното училиште да го повлече стариот оглас и да објави нов оглас. Имало технички пропуст, не бил објавен рокот до кога треба да биде избран новиот директор “. Новиот оглас е во тек . Училишниот одбор составен од 9 члена, 3 преставници од училиштето, 2 од советот на родители , 1 од стопанската комора и 3 од локалната самоуправа, ќе треба по интервјуто со пријавените да го предложат кандидат до охридскиот градоначлник. Потоа , Петрески е на потег. Тој ќе треба да го наименува новиот директор до 25 август. Мандатот на актуелниот директор, професорот Љубиша Машановиќ истекува на 24 септември.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *