Categories
Охрид

Општината со два милиони евра ќе го реши проблемот со реката Грашница

Пред речиси два месеци и министерството за животна средина и просторно планирање, за делумна санација на речното корито издвои  еден милион денари.

Пред речиси два месеци и министерството за животна средина и просторно планирање, за делумна санација на речното корито издвои  еден милион денари.

Општината со два милиони евра ќе го реши проблемот со реката Грашница. Овој најголем загадувач на Охридското езеро години наназад е дел од проектите на еколошките друштва во градов.

Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека овие средства сеуште не се префрлени на жиро сметката на општината. Во договорот стои дека прво треба да се започне со работа па потоа парите сукцесивно да се префрлаат. Во текот на нареднава недела изведувачот Феро инвест треба да започне со конкретни зафати за чистење на коритото на Грашница.

Градоначалникот вели дека овој гест на министерството за екологија е за поздравување, но на ваков начин и со овие пари може само краткорочно да се подобри состојбата. За трајно решавање на овој еколошки проблем општината изготви проект во кој е предвидено сите канали на реките Велгошка и Коселска кои се наоѓаат над улица Железничка да се поврзат во еден кој ќе заврши во реката Даљан. Сите води ќе се слеваат во една пречистителна станица и од таму преработени ќе се пуштаат во езерото.

Сето тоа ќе чини два милиони евра а не над десет милиони како што беше предвидено со некои претходни проекти правени за оваа река.Овој проект на општината Петрески очекува да биде подржан и финансиски помогнат од државата и меѓународните институции. Неговата реализација треба да започне од наесен.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *