Categories
Охрид

„ МЈП “ Проаква“ се обидува по судски пат да наплати дел од своите долгови

„ МЈП “ Проаква“ се обидува по судски пат да наплати нешто повеќе од 500.000 евра.

„ МЈП “ Проаква“ се обидува по судски пат да наплати нешто повеќе од 500.000 евра. Најголемем должник со 17.192.168  сума е АД “Отекс“. На списокот неплаќачи се јавуваат речиси сите  хотели и ресторани кои успешно егзистираат,  а сметките за вода ги заборавиле и  локалните бизнисмени.  Вода нема платено и половина Велгошти.

Според последниот извештај на управиот одбор заклучно со 30.06 2008,  на списокот на неплаќачи фигуриират 86 правни субјекти.

Најголеми должници , со милионски суми се:

-АД “ Откес“ со 17.192.168 ден
-МЗ. На С Лескоец која на Проаква и должи 3.148.389 ден., потоа 
-Студентскиот дом “ Нилола Карев“ со 1.163.127 ден  и
-охридската општа болница е тужена за износ од 1.532.824 ден.
-531.575 ден должи  ТД “ Градска плажа“,  АД  “ Бетон“  има за плаќање 491.275 ден.  Скоро пола милион денари имаат долг и хотелите “ Макотекс“ – 466.764 ден и “Милениум“ – 445.027 ден.

На списокот неплаќачи се јавуваат речиси сите  хотели, и ресторани кои успешно езистираат  бидејќи нивите сосптевници се финасиски моќни.

Се на се, од правните субејкти Проава треба да наплати 300.000 евра. Останатите  200. 000 евра од вкупната сума се однесуваат на физички лица.  321 домаќинства имаат долг од над  50.000 ден. Над 200 илјади денари  на Проаква и борџат сопственици на туристички агенции, доктори, сметките за вода ги заборавиле и  локалните бизнисмени. Вода нема платено и половина Велгошти.

Некои од тужбените барања на Проаква чекаат да бидат реализирани, по спроведените постапки за извршување. На добар дел од должниците сретствата ќе им бидат одземени по пат на присилна наплата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *