Приоритет на Дом е толеранција и соработка помеѓу граѓаните, религиите и партиите

На оваа изборна кампања покажавме како Дом водеше  чесна и коректна презенатција на изборната програма, кажа Наум Костоски, еден од кандидатите за  советник од листа на Дом.

 |  Валентина Неловска  | 
дом
дом

На оваа изборна кампања покажавме како Дом водеше  чесна и коректна презенатција на изборната програма, кажа Наум Костоски, еден од кандидатите за  советник од листа на Дом. Во недела сакаме изборите да се одржат во чесни и демократски услови, секој да гласа без притисоци за оној што смета дека ќе му донесе просперитет на градот, кажа и Летка Филипова носител на советничката листа од оваа политичка партија. Заеднички ние интересот за просперитет на земјата и организирање на Локална самоуправа по мерка на граѓаните. Филипова ги повика граѓаните да го изберат 80, бројот на нивната советничка листа.    
дом

„ Јас како носител на листа би сакала да го потенцирам нашиот приоритет за толеранција, разум и соработка помеѓу граѓаните, религиите и партиите.  Веруваме во моќта на дијaлогот и ненасилството, избраме спојни точки со другиот различниот. Сите сме сограѓни и треба да се почитуваме како луѓе независно од разликите.
Дом се залага за разумни одмерени политики кои тргнуваат од желбата да се разбере ставот и интересот на другиот“, кажа Филипова.    

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top