Categories
Охрид

Антикорупциска комисија го гони охридскиот градоначалник

Антикорупциската комисија поведе постапка за кривично гонење на охридскиот градоначалник.

Антикорупциската комисија поведе постапка за кривично гонење на охридскиот градоначалник.
Петрески се сомничи дека сторил кривично дело – злопутреба на службената положба. Обвинувањата за охридскиот градоначалник се само обид да се изврши политички линч врз него. Тој најави дека ќе поведе постапка против антикорупцинерите.

Антикорупциската комисија поведе постапка за кривично гонење на охридскиот градоначалник. Петрески се сомничи дека сторил кривично дело- злопутреба на службената положба.
Обвинувањата на антикорупционерите дека Петрески ги пречекорил границите на своите овластувања со тоа што не ги почитувал препораките на внатрешниот – општински ревизор, за охридскиот градоначалник се само обид да се изврши политички линч врз него.

За антикорупциска спорни се јавните набавки кои во 2006 и 2007 ги правела општина Охрид. Препораките на внатрешнот ревизор се однесуваат на неизвршени, задолжителни, законски обврски на општината и на градоначалникот по кои не се постапило,а се однесуваат на неводењето регистар на постапката за јавни набавки, недонесувањето на интерни акти за истите како и неангажирањето на соодветно стручно лице кое ќе ги спроведува законските обврски во процесот на јавните набавки.

Градоначалникот Петрески негира, вели дека постапиле по сите укажувања иако како што самиот рече- “тие не биле должни да следат до крај, тоа вели Петрески е наша работа“.
Антикорупциската комисија иницијативата до основното јавно обвинителство, за кривично гонење на Петрески ја поведе на 15 јули, истиот ден кога основиот суд во Струга на градоначалникот Мерко му изрече казна затвор од 3 месеци, која е преиначена во условна казна од една година.

Инаку градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е осуден на една година условна казна, поради обид за незаконско поставување на споменик на Нури Мазари-алијас командант Струга, во центарот на градот.

Според наведеното во пресудата, градоначалникот Мерко спротивно на одлуката на судот за стопирање на градежните работти продолжил со изградба на постаментот за споменикот на Нури Мазари.
И градоначалникот на Струга, како и охридскиот- смета дека одлуката на судот е политичка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *