Претставата „Во фиока“ по втор пат пред охриѓани

Претставата „Во фиока“ по втор пат пред  охриѓани. Ќе се игра во предворјето на црквата св.Софија и ќе има хуманитарен карактер. Претставата ќе ја одиграат  8 мина  талентирани актери аматери.

 |  Валентина Неловска  | 

Јован Цветкоски и Ристе Лекоски, се дел од аматерската театарската екипа во преставата „Во Фиока“. Волонтерите на младинскиот театар на ОО Црвен крст, пред охриѓани, со оваа претстава ќе настапат по втор пат по скоро два месеци. „Во Фиока“ е претстава со која се бараат изгубените вредности во морето алчност, себичност, хипокризија, неукост. Надежта сепак постои скриена некаде во фиока само треба да се отвори, вели Лекоски.
„Се зборува за изгубените вредности во нашата земја. Јас сум носител на главната улога, мојата улога е стебло. Сите сцени се мои сеќавања кои во сечиј живот водат кон изгубените вредности“, кажува Лекоски кој за прв пат е во театарската претстава.

Јован Цветкоски е со повеќегодишно театарско аматерско искуство. Споделува дека претставата Во Фиока предизвикала голем интерес кај охридската публика по настапот на фестивалот Вдиши театар, а со истата претстава гостувале и во Бар, Црна Гора.

„Ги повикуваме граѓаните кои не ја погледнаа првата престава или они кои сакаат да ја погледнат уште еднаш да дојдат во Св Софија. Ќе имаат две причини да уживаат во претставата, да гледаат волонтерите на ЦК каква претстава подготвиле и покрај тоа да бидат хумани“, апелира Цветкоски.

„Во Фиока“, ќе се игра во предворјето на Св.Софија, вечерва, со почеток во 20.30 минути.

Во претставата играат 8 мина талентирани актери аматери, покрај Цветкоски и Лекоски, играат уште Чоста Ристески, Јузмески, Јаковлев, Ѓорѓиеска, Стрезоски, Баткоска.

Автори и режија на претствата се Блажеска, Терзиоска и Сион Доленц.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top