Позитивни ефекти дал проектот „Ваш Реонски општинар“

Во текот на седум месечното функционирање на проектот оформени се над стотина предмети од страна на општинските стручни служби. Граѓаните најчесто поднесувале забелешки и барања за решавање на нивните комунални и инфраструктурни проблеми.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Охрид има оформено 128 предмети за забелешки, поплаки или предлози од граѓани добиени со проектот „Ваш Реонски општинар“. Мобилните тимови од Локалната самоуправа на повик на граѓани излегувале на терен каде им биле предочени пред се комунални проблеми, информира Томе Џамтоски, портпарол на општина Охрид.

Одговорено е на сите барања на граѓаните за она што е програмска активност на Локлната самоуправа, техничките и финансиските можности за реализација на одредени проекти. Во секој случај,активно се работи на 128 предмети. Некои се завршени, помали комунални зафати, а некои се влезени како предлози и составен дел на програмата од стручните служби на општина Охрид за 2021 година“.

Општинскиот портпарол не кажа колку од веќе 128те оформени предмети се завршени, а колку чекаат на реализација. Во иднина останува простор за подобрување на меѓусебната комуникција и реализацијата на барањата на граѓаните. Остварени се подеднаков број на средби со граѓаните од петте реони на кои е поделена територијата на општина Охрид со овој проект. Има по 25 средби со граѓани од секој реон, а изнесените проблеми имале заеднички именител.

Најмногу барања се однесувале на улично осветлување, уредување на тротоари, зафати на улици, најчесто на комунални проблеми. Во одредени средби со граѓани или група на граѓани појавени се барања кои се однесуваат на проблеми од имотно-правна природа кои не се надлежност на Локалната самоуправа туку на други служби и се упатувани до други надлежни служби“.

Од локалната се задоволни од ефект кој го дал проектот во детектирање на проблемите и планираат неговата реализација да продолжи. Граѓаните можат преку  посебен означен дел на web страната на Општина Охрид и на  телефонскиот број  072 800 705  да повикаат реонски општинар и да договорат средби на местото каде е посочен комуналниот проблем. Проектот Ваш Реонски Општинар стартуваше на 1 јули минатата година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top