Categories
Охрид

Повторно на увид спорниот Нацрт- план

По пауза од неколку месеци, повторена Јавна анкета на планот за просторот кај Билјанини извори.

По пауза од 10 месеци, граѓаните повторно имаат можност да вршат увид во Нацрт- планот за просторот кај Спортско рекреативниот центар Билјанини извори. Охридската јавност и дел од советниците, бурно реагираа кога во месец септември општинскиот совет му даде зелено светло на Нацрт- планот за УЗ 17, кој се однесува на овој простор. Ставот на советниците од ВМРО- НП,  беше дека се против изградба на станбени објекти. Според нив,   урбанизацијата на овој простор  ќе зафати дел од спортските терени, а ќе ја наруши и  природната рамнотежа и протокот на воздух од езерото кон централниот дел од градот.
На овој простор нема да се градат станбени згради. Нацрт- планот за УЗ 17 предвидува хотели и спортски објекти, вели Градоначалникот Петрески. Според него, забуната, случајно или намерно, била предизвикана поради формулацијата во Законот за градење- објекти за времено домување.
Ќе се гради уште една спортска трибина. Покрај реновирањето на стариот, предвидена е изградба на уште еден  базен. Нема да изостане ниту нов спортски стадион и тениски игралишта. „ Со изградбата на хотелите и спортските терени ќе се придонесе кон развој на спортскиот туризам кој му недостига на Охрид“, потенцира Петрески.

До реализација на ваквите најави ќе дојде доколку, по разгледување на забелешките на граѓаните,  зелено светло дадат охридските советници.
Од ВМРО- НП велат дека и понатаму остануваат на ставот дека се против урбанизација и изградба на било какви објекти на просторот кај Билјанини извори.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *