Categories
Охрид

Популистичкиот пристап во водењето на државата, лош за иднината на Македонија

Пред Претседателот на државата – Црвенкоски, стои морална одговорност.

Пред Претседателот на државата – Црвенкоски, стои морална одговорност.

Јавно без бегање од ризиците дека ќе биде одговорен за одредени клучни прашања кои можат да имаат силно влијание врз иднината на државата. Тој зборуваше за популустичкиот престап во водењето на државните работи, кој не смее да се толерира. Социјалдемократите побараа од Црвенкоски да се врати на чело на партијата.
Претседателот на РМ Бранко Црвенкоски синоќа одржа трибина со граѓаните на Охрид, насловена како „Предизвици и перспективи на РМ“. Со присутните ги сподели своите ставови,надежи, очекувања –но и како што самиот рече , стравови за одредени клучни прашања кои можат да имаат силно влијание врз иднината на државата. “Опозицијата – рече Црвенкоски, беше слаба и пред вонредните парламетарни избори, сега кога власта е најсилна а опозицијата најслаба, обврзан сум да предочам на тешките последици кои сите ние како граѓани на Македонија можеме да ги почувствуваме.“-додаде претседателот.

“Имам морална одговорност, јавно без бегање од ризиците дека ќе бидам одговорен и обвинет ако проговорам за одредени клучни прашања кои можат да имаат силно влијание врз иднината на државата.“

Црвенкоски зборуваше за еден сериозен проблем кој подолго време се провлекува и од ден на ден станува се поголем. Она што загрижува е што не се работи за поедимечни случаи туку начин на водење на државните работи- се работи за популистички пристап.

“Промовирањето и инсталирањето на популизмот во водењето на државните работи, не смее да се толерира.“

Ефтин популизам се законските измени во високото обарзование, отварањето на нови високо образовни институции, но и манипулирањето со историјата на македонската држава.
Евроатланските интеграции и и спорот со Грција околу нашето уставно име беше следно на што се задржа Црвенкоски. Не е добро рече тој, што се релативизира прашањето за името бидејќи од тоа зависи нашиот влез во Нато и ЕУ.

“Македонија за својата иднина нема алтернатива за евроатланските перспективи. Компромис со Грција мора да се најде- прашањето за распишување референдум не треба да се актуелизира- додаде Црвенкоски, се додека не се најде компромис.

Црвенкоски беше прашан дали чуствува одговорност за состојбата во која се наоѓа СДСМ, на што кусо одговори дека чувствува одговорност за секој челн на оваа партија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *