Categories
Охрид

Колку се почитуваат обврските од договорите за закуп

Туристите со бројни забелешки за охридските плажи.

Туристите со бројни забелешки за охридските плажи.

Поголемиот дел од нив, се упатуваат токму на она што како обврски произлегуваат од договорите за закуп. Наместо да ги решат проблемите, надлежните само си ја префрлаат обврската од едни на други. Работаат- но резултатите никако да се видат. 

Слободен влез за посетителите, воведување фискален апарат за готовинско плаќање, 40 до 60% од плажата да биде слободен за користење без лежалки- ова се само дел од обврските на закупците на охридските плажи. Истовремено, ова се најчестите забелешки на бројните гости.
Спротивно на склучените договори за закуп- влез на поголемиот дел од закупените плажи се наплаќа, со изговор дека парите се за паркинг. При тоа, никој не ви гарантира дека ќе најдете слободно место, ниту пак, оној што ви наплатил се грижи за безбедноста на вашето возило.  Во договорот за закуп стои- закупците се должни да обезбедат паркинг- простор, но не е наведено дали тоа се наплаќа.

 

Кај дел од закупените плажи, лежалките се поставени на целата плажа, па така ако сакате да престојувате на плажата, мора да седнете на лежалка, чие изнајмување ќе ве чини најмалку 100 денари- и тоа најчесто без чадор за сонце. Фискална сметка за услугите ретко каде ќе ви дадат,и најчесто- по ваше инсистирање. Согласно договорот за закуп- на видно место на плажата мора да биде поставен ценовник за изнајмување на лежалките.
Слична е состојбата и со просторот за капење.

„ И годинава, гостите на охридските плажи ги мачат истите проблеми како и изминатите години. Скутерите и глисерите се движат во нивна непосредна близина. “

Имено, Од капетанија на пристаништа, во повеќе наврати најавуваа дека заклучно изминатиот викенд, ќе бидат превземени најостри санкции за  сите оние кои не ги почитуваат правилата од Законот за пловидба. До сега, ниту една од плажите и покрај непочитувањето на правилата, не е затворена. „ Не е во ред што скутерите се движат меѓу капачите. ПОради тоа, мене лично ми е страв да се капам. Надлежните мора нешто под итно да превземат“- велат гостите. 
Само за потсетување, скутерите и глисерите се обврзани да се движат на 200 метри оддалеченост од брегот, додека пак бродовите на 300 метри.  Зоните за капење треба да бидат поставени на оддалеченост од 150 метра од брегот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *