Пазарната инспекција забрзано работи. Во текот на изминатава недела и викенд направени се над педесетина надзори по охридската чершија и кејот на езерото. Поднесени се пријави против сопствениците на диво поставените тезги на кои се продаваат најразлични производи, почнувајќи од текстил, бижутерија па до храна. Годинава локалната одлучи право на закуп на тезга да имаат само правни лица.

Ѓорѓи Бошалев, началникот на пазарна инспекција во Охрид, вели дека заедно со претставници од МВР
одзеле стока во вредност од педесетина илјади денари. Таа заедно со барањето за прекршок ќе биде доставена до прекршочната комисија при министерството за економија во Скопје.

Доколку во рок од осум дена сопствениците не платат казна во висина од сто евра, глобата се зголемува на петстотини евра. Овој викенд направени се и над педесет надзори во угостителски објекти низ градов, со цел да се види колку се почитува законот за забрана за точење алкохол на малолетни лица. Земени се мостри од пет локали и пратени се во аналитичкиот центар на МВР во Скопје. Се чека на резултатите и во зависност што тие ќе покажат ќе се преземаат понатамошни мерки.

Направени се и дваест контроли по угостителските објекти за да се види колку се почитува законот за работно време. Бошалев вели:  „генерално се почитува оваа законска одредба“.

 

Тој објаснува дека само кај два објекти ќе применат санкции поради работење после два часот. Доколку во рок од осум дена, нивните сопственици не уплатат на сметката на буџетот на Р. Македонија сто педесет илјади денери, локалот ќе биде затварен во времетраење од шеесет дена.

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: