Categories
Охрид

Пастрмката не ја ништат само албанските рибократци

Албанските рибократци не се единствените виновници за истребувањето на пастрмката.

Албанците не ја десеткуваа пастрмката – велат од институтот за сточарство. Причината за истребувањето на пастрмката  не треба да се бара само на албанска страна. Албанските рибократци не се единствените виновници за неконтролираниот излов на овој ендемичен вид риба, – велат од институтот за сточарство. Нискиот животен стандарт, високиот  профит кој го овозжува нелегалната продажба на пастрмката, од една страна – и замижувањето на надлежните,-од друга, придонесе пастрмката да се најде на листа на најзагрозени видови риба.

“Корисници имаме повеќе, тука спаќа и албанскиот дел, но сепак не мислам  дека заради албанксиот излов, цело Охридско езеро нема риба. “ – вели др. Боне Палашески од институтот за сточарство.
Зоран Достиноски, командир на езерската полицијата кажува пак, дека рибата која во Албанија се лови во големи количини наменета  е за македонскиот пазар бидејќи кај нас достигнува дупло висока цена. Достиноски потсетува дека во повеќе наврати фатиле албански рибократци во обид да ја поминат илегално границата и да шворцеруваат голема количина пастрмка. “ “Најчесто се бранат велат од езерската полиција – со изговор дека не знаеле каде се наоѓаат, бидејќи езерото не е физички обележано со граница, или дека случајно залутале.“
Достиноски упатува дека трена треба поголема ажурност на државата.

Деновиве беше актуелна и контролата на пазарните инспекторати во Охрид и Струга, секој ресторан приложил фактура од каде ја набавува рибата.
И тука има дилема од каде се снабдуваат угостителите. Милсењата се поделени . Едни сметаат дека рибата  по рестораните е шверцувана од Албанија,други дека ги купуваат од хотелитите а трети вината ја бараат кај приватните рибници на пастрмка. Законски, дозвола да продава пастрмка има само Х Инекс Горица, каде завршува запленетата риба. Надлежните велат дека до крај, законски  не е дефинирано работењето на приватните растилишта на охриска пастрмка.
Инспекциски служби на мин за земјоделие се единствените кои можат да ги контрилираат овие приватни рибници.Тие можат и со налог на судот да проверуваат по домовите каде се сомневаат дека има полни ладилници риба.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *