Парите од концертот на Трпчески во хумани цели

Конечно концерт на пијанистот од светски ранг, маестро Симон Трпечски и во Охрид.

 |  Валентина Нелоска  | 
Simon Trpceski
Симон Трпчески

Конечно концерт на пијанистот од светски ранг, маестро Симон Трпечски и во Охрид. По концертните настапи во светските метрополи Трпчески не го крие задоволството што настапува дома и што неговите концерти се посетени од многу млади луѓе за разлика од публиката  каде што настапува во светот. Старосната граница на посетителите на концертите на класичната музика во светот е над 60 години вели Трпчески.

Simon TrpceskiКонцертот има хуманитарен карактер, па скромните  собраните средства ќе бидат донирани за таа цел. Локалната самоуправа и домаќинот на концертот Центарот за култура, „Григор Прличев“,  веќе се договориле каде ќе бидат насочени парите. Дел од средствата ќе бидат насочени за помош на наш млад сограѓанин кој боледува од церебрална парализа за набавка на специјална комјутреска опрема. Дел, пак, ќе бидат донирани во здружението за церебрална парализа.    
Пијанистот Трпчески по концертната турнеја дома продолжува со музицирање  во светските метрополи. За темпото на концертните гостувања во светото  нагласува дека секогаш се труди да ги избалансира во духот на неговото традиционално македонско воспитување. “Јас сакам да го живеам животот и да бидам со своето семејство, со пријателите  и со студентите. Можам  да свирам на концерти уште повеќе, но не сакам да се форсирам  туку сакам да го живеам животот и секоја мотивација да ја покажам  на сцена“ објаснува Трпчески.
Охриѓани вечерва ќе може да уживаат во изведбата на Трпчески од одбрана музичка програма на Хајдн, Моцарт, Шопен и на македонскиот музичар  Панде Шахов кој живее и работи во Лондон. За вечерашниот концерт Симон Трпчски најави и музичко изненадување, од четворица млади македонски музичари, кои исто така ќе настапат пред охридската публика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top