• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Пандемијата и прележаната болест од ковид вирусот оставаат последици врз менталното здравје кај луѓето

Пандемијата и прележаната болест од ковид вирусот оставаат последици врз менталното здравје кај луѓето

Еминентниот професор, невропсихијатар Методи Чепреганов препорачува нормално живење по прележаната болест и јакнење на сопственото его. За излез од пандемијата , вели клучот е во нас, придржување кон препорачаните мерки и колективната имунизација.

 |  Валентина Неловска  | 

Пандемијата и прележувањето Ковид 19 оставаат последици врз менталното здравје на луѓето. Македонскиот еминентен професор, невропсихијатар Методи Чепреганов, препорачува како да си помогнат луѓето кои го прележале вирусот и да се опорават по преживеаниот стрес од болеста.

Може да земаат анксиолити и да го јакнат сопственото его, штом го прележале вирусот имаат имунитет и да продолжат да живеат нормален живот. Да ги почитуваат рестриктивните мерки, да земаат витамини, штом го прележале вирусот да се помират дека се добро и да живеат нормално. Но, се зависи од личноста“.

Невропсихијатарот Чепреганов, споделува дека негови еминентни светски колеги пандемијата ја отценуваат како биолошка Трета светска војна. Професорот е загрижен дека во следните две до пет години ќе се појават три здравствени пореметувања кај луѓето, анксиозно-депресивни состојби, оттуѓување и појава на психосоматски болести. Заради пролонгираниот стрес од пандемијата подоцна ќе се појават инфаркти, хернии, бронхијална астма, алергии, а укажува кој е излезот од пандемијата.

„Клучот е во нас, во нашиот менталитет, однесувањето и одговорноста кон се што се случува. Ако сме неодговорни инфекцијата ќе тлее ако сме одговорни ќе успееме да ја стопираме. Најважно е да створиме колективен имунитет преку вакцинација. Сите заговори што ги читам кои ги пишуваат разни луѓе, тоа се карактеропати, мислам не се со цел памет, морам да го кажам тоа“.

Мојот народ е многу емотивен , троши емоции без потреба. Секоја емоција, секој психоемотивен наплив, афект ја стеснува свеста, го пореметува логичното мислење кое е главниот проблем. Нема друг излез од ова зло, војна освен почитување на рестриктивните мерки и колективната имунизација, порачува професор д-р Методи Чепреганов.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top