ОТВОРЕН СОВРЕМЕН ЦЕНТАР ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ВО БОЛНИЦАТА „СВ. ЕРАЗМО“

Ставен во функција реконструиран базенот за физикална терапија во болницата Свети Еразмо. Со проектот на Центарот за развој на Југозападниот регион поддржан од Швајцарската амбасада, чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е комплетно осовременување на базенскиот дел, поставени се нови плочки и сончеви колектори. Конечно пациентите од регионот добија соодветни услови за рехабилитација.

 |   | 

Затворениот базен за физикална терапија во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо Охрид започнува со работа. Заврши реконструкцијата и конечно се создадени соодветни услови за пациентите од поширокиот регион. Со проектот на Центарот за развој на Југозападниот регион чија вкупна вредност е осум милиони денари, извршено е  комплетно осовременување на базенскиот дел, поставени се нови плочки и сончеви колектори, а направени се зафати и кај електричните инсталации и врз самиот градежен објект со цел да се подигне неговата енергетската ефикасност.

На отворањето на базенот присуствуваа и министрите за здравство и локална самоуправа.

Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската амбасада обезбедија осум милиони денари за да го стават во функција овој базен за физикална терапија, целосно опремен.-истакна Горан Милески министер за локална самоуправа.

Базенот кој што денеска го ставаме во фунција е единственбазен во болнички услови во нашава земја во кој може да се изведува специфична рехабилитациона терапија псоле изведените ортопедски хируршки интервенции.-истакна Венко Филипче

Од болницата Свети Еразмо, задоволни што базенот за физикална терапија е завршен. Над десеттина години во болницата немаше вакви услуги заради големите трошоци, со ова осовременување трошоците за функционирањето на базенот ќе бидат незначителни.

Овој проект е доказ како брзо и едноставно може да се решат проблемите кога сите заедно секој во својот домен соработуваме стремејки се кон остварување на една племенита цел. Со реализација на овој проект кој е од огромно значење за целиот регион крајниот бенефит секако ќе го имаат пациентите.-истакна Александар Велески директор на болницата „Св Еразмо”.

Градоначалниците на Охрид, Струга и Дебрца го поздравија овој значаен проект за трите општини.

Заеднички одлучивме да се оствари еден ваков проект племенит хуман етичен проект кој ке биде од бенефит за сите пациенти кои што ги користат услугите на една ваква институција. Оваа институциј е ризница на квалитет, хуманост 50 години”.-рече градоначалникот Константин Георгиески.

-Ова е еден од сите тие проекти кои едногласно беше поддржан од сите ргадоначалници и од вработените во Југозападниот плански регион да еве денес стане реалност.-рече Рамиз Мерко градоначалник на Струга.

Средствата за овој проект се обезбедени од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа и истиот е избран преку регионалните форуми на заедницата.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top