Categories
Охрид

Во Охрид денеска се отвори Клуб на стопанственици

Околу педесетина  бизнисмени од градот се зачленија  во Клуб на стопанственици.

Во Охрид денеска  се отвори Клуб на стопанственици. По тој повод околу педесетина  бизнисмени од градот беа дел од свеченоста која се одржа во компанијата „ПАП“. Со отворањето на овој клуб, компаниите од овој регион ќе имаат можност да воспостават меѓусебни бизнис релации и заеднички да делуваат во решавањето на специфичните потешкотии со кои се соочувааt, вели Павел Попоски, претседателот на клубот.

Тој потенцира  дека најголем проблем со кој се сретнуваат охридските стопанственици се нерешените имотно правни односи со земјиштето на кое се наоѓаат поголемиот дел од приватните фирми. Тоа е прва работа за која ќе се заложат заедно со локалната.

Стопанството во Охрид моментално е на најниски гранки, вели Попоски. Може да зборуваме само за туристичко стопанство но и тоа трае само два месеци во годината. Затоа под итно треба да му го вратиме имиџот на Охрид на  индустриски центар во Македонија, додава тој.

Инаку ниицијативата за  отварање Клуб на стопанственици се реализира во рамки на проектот на Сојузот на стопански комори на Македонија –ССК, со Британската амбасада. По повод отворањето на клубот на бизнисмени во Охрид, синоќа ССК на Самоиловата тврдина приреди прием на кој присуствуваа голем број бизнисмени од земјава и странство како и владини претставници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *