Градоначалникот Александар Петрески денес го пушти во употреба Домот на културата во Велестово.

При тоа  истакна дека локланата самоуправа со својот однос кон културата покажува дека не се грижи само за културното наследство  туку и за промовирање на други културни вредности и нивно афирмирање како што е манифестацијата Поетска ноќ во Велестово. Домот на културата е подарок од локалната самоуправа.

Пред присутните се обрати и сликарот Франческо Бјанки  кој на Охрид му подари 200 негови уметнички дела. Истакна дека Охрид и Македонија се културно врело. Уверен е дека во иднина домот во Велестово ќе прерасне во меѓународен дом на културата.

Денешната програма продолжи со поетско матине и ретроспектива на Манифетсацијата, на која говореа Венко Андоноски и Иван Џепароски.
 

 

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: