Categories
Охрид

Островот Голем град, во Преспанското езеро отворен за посета

Голем е интересот на туристите за посета на единствениот остров во земјава, Голем град во Преспанското езеро. Тој е во рамките на националниот парк „Галичица“.

Голем е интересот на туристите за посета на единствениот остров во земјава, Голем град во Преспанското езеро. Тој е во рамките на националниот парк „Галичица“.

Островот доскоро важеше за строго заштитена зона, но сега е отворен за туристите. На мал простор се сконцентрирани голем број културно историски споменици, па за да се спречи неконтролираното движење на туристите низ островот  се поставени информативни табли на македонски и англиски јазик, вели Зоран Анѓелоски директорот на националниот парк  „Галичица“.

На островот Голем град или уште наречен и Змиски остров,постоела населба од времето на 4 век пред нашата  ера и опстојувала до 6 век од новата ера. Туристите сега може да ги  посетат црквите  Св. Петар, Св. Димитрија и Влаи, но и ранохристијанска базилика, римска куќа и цистерна.Од националниот парк планираат проширување на проектот.

Ангелоски  потенцира дека имаат намера од редовите на нивните кадри да обучат туристички водичи со лиценца. Во моментов нема обучен туристички водич,но сите вработени  може да ги водат туристите низ островот додава Анѓелоски.Планираат набавка и на глисер сокој побрзо ќе се доаѓа на островот. Проектот Голем град, се подготвувал три месеци, а е реализиран од Н.П. „Галичица“ во соработка со локалната самоуправа Ресен и Германското друштво за техничка ссоработка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *