Categories
Охрид

ОПМ предупредува на неисправна техичка стока на пазарот

Охриѓани најмногу се жалат на купена неисправна техничка стока до организацијата на потрошувачи.

Охриѓани најмногу се жалат на купена неисправна техничка стока до организацијата на потрошувачи.

Трговците најчесто продаваат од расипани разладни уреди, па се до телевизори, машини за перење, мобилни телефони. Мал е бројот на граѓаните кои пријавуваат расипани прехранбени производи- велат од охридското советодавно биро за заштита на правата на потрошувачите.

Најчесто, купувачите се жалат на трговците кои не ги почитуваат гарантните услови за продадените производи.Ништо подобри не се и сервисерите кои ги кршат правата на купувачите. Им ги наплаќаат услугите за поправените производи кои се под гаранција, велат од организацијата на потрошувачи. До нив пристигнале поплаки од 20-тина купувачи кои се пожалиле дека купиле, неисправни климатизери вели Катерина Спироска од ОПМ Охрид.

Купувачите реагираат на трговците кои продаваат од расипани разладни уреди, па се до телевизори ,машини за перење и сушење,правосмукалки па се до мобилни телефони, вели Спироска. Но, купувачите многу ретко пријавуваат купена расипана храна. Најчесто се срамат да пријават расипан мајонез или сирење заради ниската цена.

Спироска додава дека ги охрабруваат купувачите да пријауваат и расипана храна затоа што само така може да се спречи нивната продажба во трговската мрежа. Од организацијата на потрошувачи истакнуваат дека дел од поплаките успешно ги решаваат самостојно, а дел во соработка со инспекторите од пазарната инспекција. Само до јуни, оваа година до нив пристигнале 340 пријави на купувачи кои побарале заштита на нивното купувачко право.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *