Categories
Охрид

Невработени охриѓани почнаа да користат поволни кредити за самовработување

Димче Груевски од Лескоец од неодамна започна сопствен бизнис. Изработува масички, кревети, ноќни орманчиња и останати предмети од дрво.

Димче Груевски од Лескоец од неодамна започна сопствен бизнис. Изработува масички, кревети, ноќни орманчиња и останати предмети од дрво.Тоа е дејноста со која од пред еден месец, Груевски се  регистрирал како столар.

Започнал сопствен бизнис, чекајќи работа по повеќе години. Тој е еден од неколкуте невработени лица кои користат кредит за самовработување од Агенцијата зa авработување. Кредитот е во висина од 3000 евра, со грејс период од 1 година и рок на враќање од 3 години, со каматна стапка од 1 посто годишно.

„Сега четиричленото семејство има можност да го подобри својот стандард на живеење“, вели Димче Груевски.

Со ваквата владина мерка за намалување на невработените лица, им се овозможува добивање поволен кредит и можност за отпочнување сопствен или заеднички бизнис со здружување на 2 до 5 лица. До центарот за вработување, оваа година од кога е воведена мерката, пристигнале голем број апликации за развивање на семеен бизнис .

Целта е покренување на претприемачкиот дух кај невработените лица, вели Директорот на центарот за вработување Јован Баткоски.Тој додава дека досега се одобрени средства на 33 лица  да отпочнат соспствен бизнис, а во моментов 10 – мина веќе заснивале работен однос.

Според апликациите со бизнис плановите  за добивање на кредити и самовработување, охриѓани биле најмногу заинтресирани да започнат бизнис во занаетчиството, градежништвото, трговијата и угостителството.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *