Categories
Охрид

Охидското езеро по четврти пат се пориби со јагула

Денес заврши порибувањето на езерото со јагула предвидено за оваа година.

Охридското езеро денес се пориби со уште 300 кг јагула. Ова е четврто порибување во текот на оваа година со што во езерото вкупно е пуштен еден тон и 400 кг подмладок од овој вид риба. „Според показателите годишниот излов на јагула се движи од 11 до 15 тони па на овој начин се одржува оптимумот во езерото“, вели Д-р Бане Палашевски, директор на Институтот за сточарство. Младите јагули се тешки 50 грама е се одгледувани во специјален рибник во Грција. Порибувањето вообичаено се врши на три пункта и тоа кај Пештани, Радожда и Калишта, а годинава подмладок се фрли и кај охридското пристаниште.
Со денешната акција заврши порибувањето на езерото со јагула за оваа година. Во месец септември ќе се врши порибување со подмладок на пастрмка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *