Categories
Охрид

На Охридско лето настапува дуото виолини Ана и Олег Кодратенко

Вечерва на Охридско лето е настапот на познатото дуо виолини Ана и Олег Кондратенко, во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Мошковски, Шостакович, Бах, Сарасате.

На репертоарот на Охридско лето на 24.07.2008 ќе можете да уживате во настапот на познатото дуо виолини Ана и Олег Кондратенко, во пијано придружба на Марија Вршкова. На програмата се дела од Мошковски, Шостакович, Бах, Сарасате.

Романтична и барокна музика- е на вечерашната програма на Охридско лето. Познатото дуо виолини: Олег и Ана Кондратенко одбраа дела на Бах, Леклер, Мошковски, Шостакович, Сарасате.

Намерата ни беше да одсвириме дела кои премиерно ќе бидат изведени на овој фестивал, а кои при тоа, ќе го привлечат вниманието на публиката- вели Ана Кондаратенко.
Дуото Кондратенко кон крајот на годинава ги очекува турнеја низ Америка. Нивна желба била поголемиот дел од програмата која тие ќе ја изведуваат таму, најпрво да ја чуе македонската публика. Како што потенцира Олег Кодратенко, идејата за овој концерт произлегла токму при планирањето на нивната турнеја во Америка.

Инаку, Олег Кондратенко се вбројува меѓу најзабележителните македонски солисти од помладата генерација. Неговите студии по виолина, покрај на Факултетот за музичка уметност се одвивале во европските центри Ротердам и Келн.
Ана Кондратенко во моментов работи како концертмајстор на Македонската филхармонија и филмскиот оркестар при Македонската радио телевизија.Добитничка е на награди на повеќе меѓународни натпревари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *