Трет пат годинава Хидробилошкиот завод го пориби Охридското езеро со над 300 000 единки пастрмка и 33 000 единки јагула.

По петмесечното одгледување на овој ендемичен вид риба, подмалдокот со големина од 4 до 7 см и тежина од 1-1,5 гр, беше пуштен во езерските води на длабочина од 180 метри. Од заводот годинава пуштија 1.600.000 единки, а во басените остануваат уште 400.000 единки. Зоран Споркоски од Хидробилошкиот завод вели дека годинава, во споредба со минатата, за 3 до 4 пати е поголем бројот на пастрмките со кои е порибено езерото. Тој додава дека потребен период за обнова на рибниот фонд се минимум 4 години.

Охридското езеро беше порибено и со подмалдок јагули. Др. Боне Палашевски од Институтот за сточарство кажува дека секоја година езерото се порибува со 750 кг. подмалдок. Денес во езерото се пуштија 1350 кг. или 33 000 парчиња јагули со тежина од 35 до 50 гр.

Палашоски вели дека последниве децении се ловат од 11 до 15 тони јагула и таа бројка е константна. Инаку, порибувањето со јагули е редовна активност на струшкото мрестилиште  „Шум“.
Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, потенцира дека секоја година од државниот буџет се издвојуваат околу 15 000 ден. за порибување на езерото.
Паноски истакна дека со измените на Законот за води и ингеренциите кои ќе ги превземе ова министерството, ќе овозможат фокусирање на нивните активности кон целосна заштита на езерото и рибниот фонд во него.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: